Македонскиот тенисер Калин Ивановски заедно со Олександр Овчаренко обезбеди финале во двојки на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија.
Ивановски и неговиот колега беа подобри од Марк Лајал и Бенјамин Лок со 2-1 во сетови, односно 6-4, 2-6 и 10-6.
Македонскиот тенисер заедно со неговиот соиграч за титулата во Србија ќе се борат против Андреј Чепелев и Микалаи Халак.