Првиот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер го освои турнирот од АТП серијата 500 во Хале.
Италијанскиот тенисер во финалето го победи Полјакот Хуберт Хуркач со 2:0 во сетови 7:6 (8) 7:6 (2).
До титулата Хуркач стигна по 111 минути игра. За Синер ова е прва титула во кариерата и одлична најава за Вимблдон кој стартува на 1. јули. Трофејот во Хале за него е вкупно 14. во кариерата, а четврти во сезоната откако ги освои Австралија Опен, мастерсот во Мајами и турнирот од серијата 500 во Ротердам.
Не му беше денес воопшто лесно, но по два тај-брејка успеа некако да излезе на крај со Хуркач кој е специјалист за игра на трева. Синер во тај-брејкот од првиот сет имаше 5:2, но ја искористи дури третата сет топка, а и спаси една која ја имаше Полјакот.
Во вториот сет Синер пропушти две брејк топки, па повторно се влезе во тај-брејк кој сега не беше толку неизвесен и Италијанецот го доби со 7:2.