Рускиот тенисер Данил Медведев е казнет за инцидентот во полуфиналето на Австралија Опен.
Во полуфиналето на Аврстралија опен, Медведев го победи Стефанос Циципас со 3:1 и со тоа избори пласман во големото финале. Полуфиналниот меч го одбележа инцидент кој се случи на крајот од вториот сет. Русинот вербално го нападна судијата Хауме Кампистол бидејќи не го казни Гркот и покрај очигледниот „коучинг“.
Нешто да не си лут? Може ли татко му да зборува после секој поен? Дали си глуп? Дали ќе ми одговориш на моето прашање? Како можеш да бидеш толку лош во полуфинале на Грен слем? Погледни ме! Ви се обраќам вам“, бесно викаше Медведев.
За овој испад ќе мора да плати казна од 12.000 долари.
Во финансиска смисла, тоа нема да биде сериозен удар за Русинот, кој со пласманот во финалето обезбеди 800 илјади американски банкноти.
Медведев во големото финале на Австралија опен ќе игра против Шпанецот Рафаел Надал. Финалниот натпревар на програмата е во недела во 9.30 часот по наше време.