Витомир Трајковски е вицешапион на Светот во карате во својата категорија . Веднаш по него и вториот наш натпреварувач Стефан Стојановиќ во категорија +84 кг изгуби од репрезентативецот на Саудиска Арабија Суфјани Санад со резултат од 6-1 , тој го освои високото второ место и сребрен медал .
Овој резултат е до сега најдобриот резултат во категорија У21 и воопшто на светските првенства каде што настапила Македонија два медали сребрени со што сме на високата 20 позиција од вкупно 1800 натпреварувачи и вкупно 105 земји од целиот свет .
На ова првенство нашиот Судија Раде Стефановски се здоби со најголемата Светска судиска лиценца во Кати и во Борби што е уште еден показател дека КФМ работи успешно со сите тела и комисии и затоа со право го носи епитетот една од најдобрите национални федерации во Македонија.