Лацио го доживеа вториот пораз во Серија А оваа сезона откако одигра очајно второ полувреме против Салернитана. Тимот на Маурицио Сари загуби со 1-3, иако по првиот дел имаше водство со голот на Закањи.
Во вториот дел, Кандрева успеа да израмни во 51.минута, а Федерико Фазио се погрижи за пресврт. Изненадувањето го потврди Булаје Диа во 76.минута од дуелот.