Манчестер Јунајтед го победи Вест Хем со 1-0 на „Олд Трафорд“ и се искачи на петтата позиција на табелата во Премиер – лигата. Кристијано Роналдо беше стартер, а Маркус Рашфорд го постигна единствениот гол за „црвените ѓаволи“ во 38.минута.
Можеби и поголеми заслуги за триумфот на Јунајтед одат на адреса на голманот Давид де Хеа кој беше одличен на голот и неколку пати спаси сигурен гол. Во завршницата ги одбрани ударите на Боувен и на Антонио и не дозволи да се затресе неговата мрежа.