Македонскиот репрезентативец Ваљон Етеми беше стрелец во денешниот триумф (0-2) на тимот на Истанбулспор на гости кај Тузласпор.
Етеми постигна гол за водство во 12. минута, а потоа Јилмаз зголеми на 0-2 и го потврди триумфот.
Истанбулспор се наоѓа на четвртата позиција и има 46 бода.