Фудбалерите на Италија и Швајцарија ремизираа 1:1 во натпреварот од претпоследното коло од квалификациите за групата Ц за Светското првенство во Катар.

Актуелниот европски шампион имаше зицер на својот Олимпико за практично да обезбеди пласман на Светското првенство, но не го искористи.

Најубавата шанса за победа Жоржињо ја пропушти во 90. минута, бидејќи промаши пенал – топката мина високо над гредата.

Состојбата во оваа група ќе биде позната дури по последното коло, во кое двете селекции влегуваат со ист број бодови (15), при што избраниците на Роберт Манчини имаат подобра гол разлика (13:2 наспроти 11:2).

Во последното коло Италија ќе игра против Северна Ирска, додека Швајцарија ќе се сретне со Бугарија.

Швајцарците подобро го започнаа дуелот и го шокираа домаќинот, а стрелец на прекрасниот гол беше Видмер во 11. минута, на додавање на Окафор.

Италија не делуваше добро во тие моменти, но сепак израмни преку Ди Лоренцо во 36. минута, по не многу одличното истрчување на Зомер.

„Аѕурите“ се обидоа во вториот дел, а најблиску до гол беа во 90. минута, кога Жоржињо промаши пенал, кој го направи Гарсија по стартот врз Берарди .

Во рамките на оваа група Северна Ирска ја победи Литванија со 1-0, автогол на Саткус во 18. минута

https://www.youtube.com/watch?v=NXF46GQ3PLk