Натпреварот од Премиер – лигата меѓу Вотфорд и Челси е привремено прекинат откако на трибините беше потребна итна медицинска помош за еден гледач. Судијата доби сигнали дека треба да ги повлече екипите, а тоа да ослободи поголем простор за медицинските тимови да се упатат на трибините и да му укажат прва помош на љубителот на фудбалот кому тоа му беше неопходно.