Претседаттелот на Барселона, Хуан Лапорта, одржа прес -конференција на која подетално и ја објасни на јавноста ситуацијата во клубот, а посебно акцент беше ставен на финансиската состојба и дека моменталниот долг е една милијарда и 350 милиони евра.
“Првото нешто што требаше да направиме е да подигнеме заем од 80 милиони евра, бидејќи ако не го сториме тоа, нема да можеме да ги исплатиме платите. Исто така, видовме дека треба да направиме итни поправки на Камп Ноу. Не би сакале да бидат загрозени животите на нашите гледачи. Тоа чинеше 1,8 милиони евра. Благодарение на брзината на нашата реакција, навивачите можеа да дојдат на натпреварот во неделата “.
“Барселона има негативна нето вредност од 451 милион евра. Платите за спортисти и луѓе кои работат со нив не чинат 617 милиони евра годишно, што е 25 до 30% повеќе отколку што плаќаат нашите конкуренти. На пример, Реал троши 342 милиони евра за плати. Зедовме заем од 550 милиони евра со каматна стапка од 1,1% за преструктуирање на клубот. Претходното раководство го напушти Камп Ноу знаејќи дека клубот се соочува со многу опасности. Моменталниот долг е една милијарда и 350 милиони евра. ситуацијата е многу загрижувачка а финансиската состојба драматична “.