Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва им се реваншираше на швајцарците за поразот од пред неколку дена и со победа од 67:61 се искачи на првото место во групата и направи чекор напред и се пласира во квалификациите за Светското првенство 2023.
За разлика од првиот меч кога нашата селекција го одигра лошо цел натпревар овој пат докажа дека не и местото во претквалификациски групи. Почнувајќи од првата четвртина па се до крајот на натпреварот нашите кошаркари го контролираа мечот и постојано беа во водство. На пауза се замина со водство на Македонија од 39:26.
Највисокото место Македонија го имаше во третата четвртина кога отидовме на +17 поени разлика. Во последната четвртина имавме доволно голема разлика за да го приведеме крајот на натпреварот кон мирна завршница.
Најефикасни кај црвено-жолтите беа Адем Мекиќ со 16 поени и Бојан Трајковски со 15 поени, додека кај швајцарците најефикасен беше Казади со 15 поени.
Во последното коло од оваа група се среќаваме со Словачка задутре.