Јошко Гвардиол (20) стана херој на хрватската одбрана откако со мајсториите на теренот ја воодушеви хрватската нација и сите фудбалски фанови ширум светот.
Хрватскиот стопер денеска е еден од најбараните, а неодамна го пофали и престижниот шпански весник Марка. На натпреварот против Белгија, Гвардиол во последен момент се појави пред Лукаку и ја спаси Хрватска која потоа против Јапонија обезбеди четвртфинале на СП.
Многумина се прашуваат од каде му е презимето, а објаснувањето го даде хрватскиот лингвист Домагој Видовиќ, кој повеќе од 20 години ги проучува имињата и презимињата.
– Презимето Гвардиол, кое потекнува од Новиград кај Задар, е поврзано со римскиот глагол guardare ‘да се чува’ и е поврзано со познатото каталонско фудбалско презиме Гвардиола. Одлично му одговара на нашиот дефанзивец затоа што е непрооден, одлично ги чува противничките напаѓачи. Освен тоа, му одговара и неговото лично име бидејќи е поврзано со името Јосип, што на хебрејски значи Јахве додаде, а ма Јошко Јахве навистина миу даде многу таленти – изјави Домагој Видовиќ за Тпортал и додаде:
– Интересно е што гардиола на италијански значи стражарска куќа, а бидејќи куќите за резервни играчи се слични на стражарски куќи, Јошко би можел да биде и врвен тренер. Презимето Гвардиол е ендемично презиме, односно презиме чии носители потекнуваат од Задарскиот регион. Во 1948 година, сите Гвардиоли живееле во Новиград. Денес ги има и во Загреб, Задар и Дуги оток, но сите доаѓаат од Новиград.