Повредата и итната операција на Габриел Жесус, ги натера челниците на лидерот во Премиер лигата, Арсенал, да тргнат во потрага по итна замена за Бразилецот и изборот се чини дека падна на напаѓачот на Србија и на Јувентус, Душан Влаховиќ.
Весниците „Кориере дело Сера“, „Сан“ и „Мирор“ пишуваат дека челниците на Арсенал во зимскиот преоден рок ќе се обидат да го реализираат трансферот на Влаховиќ.
Управата на Топчиите е убедена дека Јувентус кој се наоѓа во голема криза откако комплетниот управен одбор си поднесе оставка и веднаш доби кривични пријави за финансиски малверзации,ќе се согласи да го продаде Влаховиќ.
Но, Арсенал во јануари нема намера да запре само на Влаховиќ, туку ќе седне на преговарачка маса со првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, за трансфер на уште еден српски репрезентативец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.