Хрватска ја доби најголемата парична казна на ова Светско првенство во Катар поради недоличното однесување на навивачите на мечот со Канада, кога го навредуваа голманот Милан Борјан, Србин од Книн и чувар на мрежата на белградска Црвена Звезда.
Хрватска e kазнета со 50.000 швајцарски франци за однесувањето на навивачите кон Борјан поради прекршување на членот 16 од дисциплинскиот кодекс за употреба на зборови и преносни пораки непримерни за спортски настан.
Србија, пак, доби два ипол пати помала казна од Хрватска за политичка пропаганда и ФСС ќе мора да плати 20.000 швајцарски франци според членот 11 од дисциплинскиот кодекс на ФИФА и членот 4 од правилникот за СП, поради истакнувањето на знамето со Косово и пораката „нема предавање“ во соблекувалната.
Казна од 15.000 швајцарски франци доби Саудиска Арабија за недолично однесување на фудбалерите и шесте жолти картони на мечот со Аргентина, на првата сензација која се случи на овој Мундијал.