Светското првенство во Катар е рекордно според бројот на нереализирани пенали.
Дури 42 проценти од досега изведените пенали на СП 2022, беа одбранети или не завршија со гол. Од 31 обид, 18 беа голови, а 13 промашени. Тука се бројат и пеналите во тек на натпреварите, и оние во пенал серии.
Досега првенство со највисок процент на одбранети пенали беше во 2006 година, кога беа промашени 32 отсто од изведените пенали.
Во Катар процентот на нереализирани удари од белата точка е дури 42 отсто, а благодарение на Јапонија против Хрватска и Шпанија против Мароко, процентот е над 50 ако се гледаат само пенал серии. Од 15 пенали, 7 беа голови, а 8 промашени.
Во текот на мечевите, беа досудени 16 пенали, од кои 11 завршија со гол, а пет беа промашени. Е, овие 31 отсто не се рекордни во историјата на Мундијалите.