Дербито меѓу Атлетико Мадрид и Рајо Валјекано донесе доста возбудувања, но и завршна тензија поради еден контроверзен момент.
Очекувано, фаворитот тргна по три бода и силно притискаше да стигне до втор гол, па откако еден му беше поништен поради офсајд, на крајот победи со еден контровезен.
Гостите бараа прекршок од Гризман над Чеверија во зачетокот на акцијата, но судиите проценија дека нема доволно елементи за фаул, па така голот на Мемфис Депај остана важечки и Атлетико победи со 2:1.
Столе Димитриевски и соиграчите протестираа и по последниот судиски свиреж, а тренерот Франсиско заработи и црвен картон.
Голот на Мемфис погледнете го ТУКА
Со оваа победа, Атлетико остана на третата позиција на табелата во Ла Лига, со ист број бодови како Барселона (47), а осум помалку од лидерот Жирона. Рајо е на 13. место со 24 бода.