По пауза од скоро два месеца, во тимот на Манчестер Сити се врати Ерлинг Халанд, но уште пред тој да влезе во игра, англискиот првак веќе ја имаше завршено работата во дуелот со Барнли.
Во 71. минута, Сити водеше со 3-0, а до крајот Барнли постигна почесен гол и ги постави конечните 3-1. Блескаше аргентинецот Хулијан Алварез кој максимално го искористи отсуството на Халанд и покажа дека Гвардиола може да смета на него. На својот 24. роденден, Аргентинецот ги постигна првите два гола, двата во првото полувреме, а Родри на стартот на вториот дел ги уништи сите надежи на Барнли дека може да стигне до сензационален пресврт. Во финишот Ал Дахил ја затресе мрежата на Сити за конечен резултат.
За Манчестер Сити, ова е четврта победа по ред, а има и лесен распоред во следните кола, па оваа серија може и да продолжи. Сепак, на врвот ништо не се смени бидејќи победија и Арсенал и Тотенхем, а пред триумф е и Ливерпул во дуелот со Челси.