Навивачот на Ливерпул и познат англиски јутјубер Сајмон Вилсон оваа недела се одлучи на смела авантура со благородна цел да ги превезе навивачите на „црвените“ кои не можат да си дозволат патување во Париз за финалето на Лигата на шампионите. Го купил најевтиниот автобус во земјата и однел 50 навивачи во Франција за само една фунта.
„Го купив најевтиниот автобус во ОК што можев да го најдам. Ги гуглав „евтините автобуси“ и ми го предложи овој. На него ставивме налепници кои за споредба, чинат повеќе од самиот автобус“, рече Вилсон.
Проблемите започнаа веднаш по заминувањето. Педесетина навивачи се собраа пред „Енфилд“ и заедно тргнаа на пат, но веќе на пат кон тренинг центарот „Мелвуд“, на пет километри, каде што планираа да застанат, стана јасно дека патот ќе биде пеколен бидејќи климата не функционира и прозорците не можеа да се отворат..
Згора на се, од осигурителната компанија не добиле потврда дека им е дозволено да се возат со автобус стар 22 години за Франција, па застанале на обиколницата во Мелвуд и чекале одобрение. Се испостави дека автобусот не ги исполнува париските еколошки стандарди.
“Бев загрижен за луѓето кои имаа билети и беа многу возбудени. Опцијата да не стигнам до Париз не постоеше. Решив да одам до планот Б, повикав познаници и успеавме да обезбедиме друг автобус кој ги исполнуваше критериумите”. изјави Вилсон, а пренесува Мирор.
Конечно пристигнале во хотел во зафрлениот дел на Франција во 4 часот наутро, доволно пред финалето што нивниот клуб ќе го игра вечерва против Реал Мадрид од 21 часот. Патувањето се ископмплицира, но сепак на патниците им наплати само една фунта и не зажали за ништо.
„После ова ќе морам да прогласам стечај, но секоја чест за сите во автобусот. Капетанот тоне со бродот, па и јас не го напуштив овој автобус“, рекол јутјуберот.