Со тоа, „црвените“ ја задржаа предноста во однос на ривалите, но убедливата победа не е единствена работа која предизвика задоволство кај навивачите. Апсолутен херој на натпреварот беше 20-годишниот репрезентативец на Северна Ирска, Конор Бредли кој беше прогласен за играч на натпреварот поради своето фантастично издание.
Бредли дебитираше во Премиер лигата во претходното коло против Борнмут, а против Челзи покрај своето име запиша еден гол и две асистенции. Тој учествуваше во постигнувањето на првите три гола, при првиот гол му додаде до Жота (Португалецот потоа сам ја заврши работата, но на Бредли му се бележи асистенција), вториот го постигна, а при третиот му асистираше на Соболсаи за 3-0. Во 68. минута беше повлечен од игра со громогласен аплауз од трибините, а по неговото излегување Нкунку му даде надеж на Челси а Диаз го постави конечниот резултат.
Натпреварот ќе остане и во сеќавањето на Јирген Клоп кој стана седмиот тренер во историјата на Премиер лигата кој ја достигнал бројката од 200 победи во ова натпреварување.