Рајо Валјекано со Димитриевски на голот, не успеа да ја запише третата победа по ред во шпанската Ла Лига, откако денес на гости кај Хетафе одигра 1-1 во 21. коло. Натпреварот по добро нема да го памети ниту македонскиот голман Столе Димитриевски.
Првото полувреме беше израмнето по број на шанси, но Рајо поведе благодарение на автоголот на Арамбари во 38. минута. Хетафе тргна по погодок во вториот дел и првата шанса ја имаше Мајорал, кој промаши пенал, по што Алења заработи црвен картон и ги остави гостите со фудбалер повеќе на теренот.
Рајо имаше свои шанси, кои не ги искористи, а потоа Димитриевски прими пацерски гол во 77. минута, кога се обиде да исфрли една топка, но го погоди Унал по што топката ја затресе неговата мрежа. Во финишот од средбата гостите имаа шанса за да се вратат во водство, но Де Томас не искористи удар од белата точка.
Рајо Валјекано е на шестата позиција со 33 бодови, односно два помалку од топ-4, додека Хетафе е на претпоследното место во Ла Лига.