Најголемиот ривал во оваа борба за директен пласман во повисок ранг им беше Нортемптон, кој победи со 3-1, а тоа значеше дека на Бристол му требаат седум голови за да заврши пред нив, а токму тоа и се случи.
Бристол даде два гола во прво и дури пет во вториот дел, по што следеше голема прослава на навивачите кои беа на стадионот.
Интересно е тоа што Сканторп одамна испадна, па во последниот меч играше со младинци и тоа предизвика сомнеж кај дел од навивачите за конечниот резултат.