Александар Зверев се пласираше во големото финале на мастерс тенискиот турнир во Мадрид откако синоќа го совлада Стефанос Циципас во три сета.
Германецот се одмазди за поразот од Гркот во полуфиналето на мастерсот во Монте Карло и сега ќе ја брани титулата против Карлос Алкараз. Првиот сет го освои со 6-4, но Циципас врати во вториот со 3-6. Во решавачкиот сет беше 6-2 за Зверев.
За третиот светски рекет ова е 10-то финале на мастерс турнирите во кариерата и ќе ја бара шестата титула.
Финалето денеска помеѓу Алкараз и Зверев е закажано со почеток од 18:30 часот.