Најталентираниот македонски тенисер Калин Ивановски запиша уште една голема победа во Тунис, и тоа овој пат против старата „жртва“, Сирил Вандермерш со 2-1 во сетови, односно 5-7, 6-2 и 6-4 за место во четвртфинале на турнирот во Монастир.
Третиот носител на турнирот го освои првиот сет со 7-5, по што следеше доминација на Ивановски во следниот сет, направи неколку брејка и стигна до убедливи 6-2.
Вандермерш не играше лошо во третиот сет, но таму Ивановски успеа да направи брејк кој му донесе предност од 5-3, по што Вандермерш за момент намали на 4-5, но потоа македонскиот тенисер со одличен сервис ја обезбеди победата (6-4).
Ивановски претходно го совлада Вандермерш за финале во Монастир, Тунис, по што го освои турнирот, а со новата победа си обезбеди средба со Метју Делаведова, односно уште еден познат ривал со кој досега одигра два меча, а резултатот е 1-1.