И двете екипи доживеаја крупни кадровски промени преку летото, но од различни причини и во различни насоки. Кај Мешков тоа беше последица на суспензијата на руските и белоруските клубови и воентата состојба во регионот, а кај Пелистер од амбиција за посилен тим и подобри резултати.
Тренерот Ларс Валтер остави засега остава впечаток дека владее со новособраната дружина, во која има 11 нови имиња, четворица дојдени од Пелистер 2 и седум купени играчи. Последниот од нив, Тунижанецот Мухамед Суси, се уште не играл со екипата и допрва треба да се вклопи, но и тој треба да биде во составот вечерва.
„По подготвителниот период, подготвени сме за официјални натпревари. Работевме многу минатиот месец, игравме некои контроолни натпревари, а нашата цел беше мечот со Мешков Брест. Се работи за искусен тим, со многу одиграни натпревари како овој и ние ги почитуваме нив. Подготвени сме за овој предизвик и се надевам на победа и пласман на Ф4“, вели Валтер.
Пелистер го освои Струшкиот турнир, иако на него имаше и подобри и послаби периоди во играта. Важното е дека тимот покажа потенцијал и длабочина, што ќе биде важно во продолжението на сезоната. Мешков, од друга страна, доживеа, речиси, целосен ремонт, но се уште го сочинуваат репрезентативци на Белорусија и добри ракометари. Хендикеп за тренерот Дмитри Тихон е само фактот што немаше повеќе време да ја подготви екипата и да ѝ помогне да функционира како целина, а не како збир на поединци.
Победникот ќе игра против Веспрем на 2 септември, во полуфиналето, а втората двојка е Загреб – Нексе. Мешков играше на девет од десете завршни турнири во регионалната лига, го пропушти само првиот, но прашање е во какво издание ќе се покаже по ова мачно лето.