Отсуството на Новак Ѓоковиќ на овогодинешниот УС Опен го коментираше и еден од неговите најголеми, ако не и најголеми ривали.
Рафаел Надал смета дека тоа што ќе помине уште еден Грен слем без Ѓоковиќ е тажна вистина, но дека тенисот е поголем од секој поединец.
Шпанецот сепак смета дека самиот турнир треба да биде во центарот на вниманието:
„Спортот е поголем од кој било играч. Во кариерата пропуштив многу турнири поради повреди. Не бев тука минатата година, пред две години исто така. Турнирот функционираше и се помина без проблеми. Иако можеби не е добра вест – тенисот ќе живее по мене, Новак, Роџер… Без сомнение, Новак е еден од најголемите во овој спорт и жал ми е што не е тука“, заклучи Шпанецот кој ќе се обиде да го освои својот 23. Грен слем.