Чилеанскиот тенисер Алехандро Табило немаше доволно сили да најде решение за Германецот Александер Зверев и загуби со 6-1, 6-7 и 2-6 во полуфиналето на турнирот во Рим.
Табило го доби првиот сет со убедливи 6-1, а во вториот даде голем отпор и обезбеди тај-брејк во кој Германецот беше подобар со 7-4.
Германецот во третиот сет ја презеде контролата и без многу проблеми стигна до 6-2 со што обезбеди полуфинале на турнирот.
Во второто полуфинале во Рим играат Николас Хари и Томи Пол.