Кошаркарите на Минесота се изборија за мајсторка во серијата против шампионот Денвер откако израмни на 3:3 во полуфиналето на западната конференција. Триумфот на Минесота е историски, а резултатот на крајот беше 115:70.
Поразот од 45 поени разлика е највисок во историјата на плејоф дуелите за еден тим кој е актуелен бранител на трофејот а тоа е Денвер. Минесота до оваа историска победа стигна благодарение на две неверојатни серии.
Едната се случи во првата четвртина кога домаќините имаа низа од 20:0, додека во последната четвртина кога на теренот беа резервните состави на двете екипи, Минесота направи нова фантастична серија, овојпат од 24:0. Најголемата предност што Минесота ја имаше во текот на овој дуел против Денвер изнесуваше дури 50 поени.
Ентони Едвардс со 27 поени беше предводникот на Минесота во оваа историска победа, додека на спротивната страна Никола Јокиќ беше сопрен на 22 поени и девет скока, бројки кои се под просекот на МВП играчот за оваа сезона во НБА.
Решавачкиот седми меч во оваа серија ќе се игра во Денвер во недела.