Барселона ја оствари 24. победа во Ла Лига оваа сезона откако ја совлада Алмерија на гости со 0-2.
На две кола до крајот на првенството Барселона има четири бода повеќе во однос на Џирона, па тешко дека ќе си дозволи два кикса и вицешампионското место да ѝ го препушти на овосезонскиот хит во Примера. Во следното коло каталонскиот гигант ќе се судри со Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски, додека за последен ривал го има тимот на Севиља. Џирона, пак, патува во Валенсија, а на крај ќе ја пречека Гранада.
Барселона лесно стигна до потребните три бода, а најзаслужен за тоа беше Фермин Лопез. Младиот офанзивец беше стрелец на двата гола, првиот со удар со глава во 14. минута на додавање на Форт, додека вториот во 67. минута на асистенција на Серхи Роберто, и го реши победникот.
Алмерија се наоѓа на последната позиција на табелата и веќе е испадната во второлигашка конкуренција.
Видеото погледнете го ТУКА