Астон Вила приреди изненадување победувајќи со 1-2 на гостувањето кај Тотенхем во 13. коло од англиската Премиер лига. „Петлите“ беа многу помотивирана екипа, но гостите од Бирмингем успеаја да заминат со целиот плен од Лондон.

Видео технологијата му ги поништи сите голови на Сон поради офсајд, а за да биде уште потрагичен денот за него, тој промаши и неколку добри шанси.