Бразилскиот фудбалер Марсело го напушти Реал Мадрид на крајот од минатата сезона и моментално е слободен агент.
Марсело помина 15 години во Реал Мадрид и остави неизбришлива трага, а неколку сезони секако беше еден од најдобрите леви бекови во светот.
Иако два месеца е слободен играч, овој 34-годишник се уште не си најде нов клуб, што е навистина големо изненадување.
Тој ја отфрли опцијата за враќање во Бразил, а Марсело претходно на маса имаше понуди од Ница и Монца од кои не е премногу задоволен и не сака да брза со конечната одлука.
Сепак, германските медиуми најавија дека Марсело би можел да ги изненади сите со изборот на нов клуб и да заврши во Бундеслигата, каде пред неколку сезони сигурно не можеше да замисли дека ќе игра.
Наводно голем интерес за Бразилецот покажал Баер Леверкузен, кој веќе стапил во контакт со агентите на овој искусен играч и му нуди на Марсело двегодишен договор.
Челниците на Леверкузен испратија официјална понуда до Марсело и понудија многу подобри услови од Ница и Монца и сега со нетрпение ја чекаат одлуката на Бразилецот.