Македонецот Кристијан Трапановски повторно замина на интернационална сцена откако потпиша договор со шкотскиот прволигаш Данди Јунајтед. Тој ќе биде третиот Македонец во првенството на Шкотска, по Бојан Миовски во Абердин и Давор Здравковски во Мадервил.
Трапановски потпиша двегодишен договор со еден од најпознатите клубови во Шкотска со можност за продолжување за дополнителни 12 месеци.
„Многу сум среќен, ова е голема шанса за мене. Го имав првиот тренинг денеска, сите ми посакаа топло добредојде. Фудбалот е за навивачите и мислам дека ќе уживам во поддршката во Шкотска. Слушнав многу одлични работи за навивачите на Данди Јунајтед и едвај го чекам дебито“.
Трапановски досега играше во Шкупи, а го носеше дресот и на Славија Прага, Татран Прешов, Подбрезова и на Брера Струмица.