Вест Хем оствари многу значаен триумф од 2-0 против Евертон. Овој дуел беше најавен како „битка за опстанок“, а домаќините го слават Џерод Боувен кој беше двоен стрелец. Тој погоди во 34.минута, а седум минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на Евертон.
Лестер и Брајтон одиграа нерешено 2-2, а Борнмут и Нотингем Форест исто така ремизираа (1-1).