Атлетико Мадрид лесно стигна до деветтата победа во шпанска Примера, откако го совлада Валјадолид убедливо со 3-0. Тимот на Диего Симеоне цврсто го чува четвртото место на табелата кое води во ЛШ.
Алваро Мората го отвори резултатот во 18.минута, а пет минути подоцна Антоан Гризман зголеми на 2-0.
Третиот гол беше дело на Марио Хермосо во 28.минута и победникот практично беше решен по само половина час.