Македонскиот интернационалец Ердон Даци со два гола повторно донесе значајна победа за својот тим Вестерло овој пат над Мускрон.
Двата гола беа спектакуларни и ги постигна токму во момент кога се кршеше резултатот.
Со овој триумф Вестерло ја зголемува разликата на првото место на табелата, и е пред враќање во белгиската „елита“.
Поранешниот младинскиот репрезентативец нанижа 8 голови во втората лига на Белгија, најдобар реализатор е во својата екипа и сега е на второто место на листата на стрелците во лигата.
Вестерло има 33 бодови, односно 13 повеќе од второпласираниот Денизе. Првопласираниот обезбедува директно учество во Првата лига на Белгија, а тоа е на добар пат да биде тимот на Даци.
Даци е екс младински репрезентативец, а ако продолжи вака, сериозно се номинира и за „А“ националниот тим на Македонија.