Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес е победник на трката за Големата награда на Саудиска Арабија на градската патека во Џеда.
Оваа година за прв пат имавме трка за Големата награда на Саудиска Арабија, а тоа е градската патека во Џеда и видовме голем спектакл и трка за историја!
Со оваа победа Луис Хамилтон застана рамо до рамо со Макс Ферстапен и сега се изедначени во генералниот пласман пред последната трка во Абу Даби.
Видовме фантастичен почеток на трката во Џеда и Мерцедес не можеше да започне подобро со Хамилтон на првото место и Ботас на второто место.
Валтер успешно го држеше Макс Ферстапен на безбедно растојание, а Ред Бул протестираа, сметајќи дека намерно го намалува темпото и на тој начин му помага на својот тимски колега.
За тоа време ја видовме големата битка на Ферари и Мекларен, одличниот старт на Окон и Алонсо, а потоа и големата грешка на Алонсо , а потоа Мик Шумахер како удира во ѕид и безбедносното возило излегува на патеката.
Мерцедес веднаш го повлекува потегот, а Хамилтон и Ботас одат во боксот да ги сменат гумите, за Ферстапен да остане на патеката и да ја заземе првата позиција, а наскоро се најавува дека трката е прекината бидејќи не е безбедно да се вози.
Трката повторно започна во 15-от круг, а Хамилтон стартуваше подобро, но ја загуби позицијата во првиот свиок од Макс Ферстапен, а Окон ја искористи шансата да ги заобиколи двата Мерцедеса и да се пробие на второто место.
Чеко Перез се обидел да се пробие колку што можеше, па г во задниот дел од автомобилот го удри еден од болидите на Ферари, удри во ѕид и остана без предното крило, а уште поголем инцидент се случи позади каде што Мазепин удри во Расел и ги уништи двата автомобила.
Црвените знамиња повторно беа на сила и чекавме нов рестарт на трката .
Бидејќи Ферстапен ја напушти патеката за време на претекнуваето на Хамилтон, неговата позиција беше избришанаа и Окон изби на првата позиција, Хамилтон остана втор, а Ферстапен трет и со тој редослед трката повторно започна.
Третиот старт на трката беше спектакуларен и Макс Ферстапен брзо се врати на број еден и дојде пред Естебан Окон и Луис Хамилтон, кои имаа најбрзо време од круг во круг.
Видовме уште неколку ситни инциденти до крајот, неколку виртуелни безбедносни возила и жолти знамиња во секторите, за во 37. коло да имаме жестока битка и Ферстапен повторно да излезе на патот на одбраната на позицијата.
Мораше да го пушти Хамилтон, реши да ги „тестира сопирачките“ и Хамилтон го удри, па Макс доби казна од пет секунди за тој неспортски потег кој можеби ја реши неговата судбина.
Тогаш Хамилтон успева да го заобиколи Ферстапен и да го задржи првото место, за проблемот на Макс со гумите да стане поголем. Ботас успева последните десетинки да го престигне Окон и да го заземе третото место во Саудиска Арабија.
Окон заврши четврти, а ова беше неверојатно лудило во Џедај, контроверзна трка, напната и историска во која Хамилтон стигна до 103-та победа во кариерата.