Формула 1 ја откажа трката во Сочи во претстојната сезона.
Акционерите на Ф1 на состанокот заклучија дека е невозможно да се одржи трката во сегашните околности.
Големата награда на Русија требаше да се одржи во Сочи на 25 септември.
Новата сезона во Ф1 започнува на 20 март во Бахреин.
Официјалните тестови се во тек во Каталонија во Барселона.