Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во полуфиналето на турнирот во Акапулко откако го совлада Јапонецот Јошихита Нишиоку со 6:2, 6:3.

Медведев, кој ќе го заземе првото место на АТП листата во понеделник , по поразот од Новак Ѓоковиќ во Дубаи , дојде до победа по 71 минута игра.

„Не е лесно да се игра натпревар кога добивате такви вести во текот на денот. Првата цел беше победа на овој натпревар и тоа е дефинитивно одлична вест“, рече Медведев.

Рускиот тенисер направи шест брејка во текот на мечот, но губеше со 3:1 во вториот сет пред да врзе пет гема и да се пласира во полуфиналето.

Тој во полуфиналето ќе игра против Шпанецот Рафаел Надал, во репризата на овогодинешното финале на Австралија Опен.

Надал во четвртфиналето беше подобар од Американецот Томи Пол со 6:0, 7:6, што доведе до 13-та последователна победа во 2022 година.

Медведев е тежок противник, новиот број 1 и сите видовме во Австралија колку тешко го победив. Свесен сум дека треба да бидам 100 проценти за да имам шанса, но се радувам на тоа и се надевам дека ќе бидам подготвен“, изјави Надал.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Гркот Стефанос Циципас и Британецот Камерон Нори.

Циципас во четвртфиналето го совлада Американецот Маркос Жирона со 6:3, 6:4, додека Нори беше подобар од Германецот Петер Гојовчик со 6:1, 6:0.

https://twitter.com/atptour/status/1497005276016357378?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497005276016357378%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D02dd%3D25nav_id%3D2111491