Дејвис куп репрезентацијата на Македонија ја загуби пресметката од второто коло од Б групата од Третата Европска зона од Дејвис купот која се игра во Ларнака, Кипар, бевме поразени од селекцијата на Молдавија.
По вчерашната победа над Малта, македонските тенисери денеска беа немоќни против Молдавија. Бугариќ и Ивановски загубија во сингл мечевите, па дуелот во двојки е неважен за конечниот исход.
Во првиот денешен сингл меч, Бугариќ со 2-1 (4-6, 6-2, 6-3) во сетови загуби од Илиа Снитари.
Ивановски го загуби првиот сет од Александер Џозбинов со 7-5, македонскиот тенисер во вториот сет губеше со 5-2 кога реши да го предаде мечот.
Во двојки планирано е да играат Амар Хусеиновиќ и Обрад Марковски против Цозбинов и Снитари.
Утре Македонија ќе игра против Кипар кој со 3:0 ја совлада селекцијата на Малта во денешниот дуел од второто коло.