Првата финалистка на Ролан Гарос е првата светска тенисерка Ига Свјатек, која ја збриша Дарија Касаткина од теренот за само 65 минути .
Ига Свјатек продолжува да има апсолутна доминација во светскиот тенис и стигна до 34-та последователна победа израмнувајќи ја најдолгата серија во кариерата на Серена Вилијамс. Инаку, Венус Вилијамс е на врвот на листата по бројот на последователни победи остварувајќи 35 .
Свјатек ја забележа 34-та победа во низа во полуфиналето на Ролан Гарос и беше многу импресивна против Дарија Касаткина која до полуфиналето не загуби ниту еден сет, изгледаше многу добро, но тука освои само три гема.
Свјатек апсолутно доминираше на натпреварот и Касаткина немаше никакви шанси. На крајот Русинката собра само три гема, повеќе од тоа не можеше и мораше да се задоволи со пласманот во полуфиналето, каде сепак наиде на недопирливата.
Свјатек мирно го чека противникот во финалето каде повторно ќе биде голема фаворитка против Мартина Тревисан или Кори Гауф.
Ролан Гарос, полуфинале:
Ига Свјатек (Полска, 1) – Дарија Касаткина (-, 20) 6: 2, 6: 1