Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го одреди почетниот состав за денешниот натпревар против Бугарија (18 часот) на “Лудогорец Арена”.
На голот е Столе Димитриевски, а во одбраната се Ашковски, Велковски, Муслиу и Алиоски.
Во средниот ред ќе делуваат Стефан Спировски, Енис Барди и Елиф Елмас. На крилните позиции се Дарко Чурлинов и Александар Трајковски, а централен напаѓач е Милан Ристовски.