Украинскиот селектор Олександр Петраков ја коментираше победата во квалификациите за Светското првенство над Шкотска, која ја посвети на својата земја разурната од војната .
Тоа што го најавија Украинците,тоа и го остварија. За нив мечот со Шкотска беше повеќе од фудбалски, а тие дадоа се од себе и славеа со 3:1 и се на само чекор до Мундијалот. Селекторот Олександар Петраков беше емотивно исцеден и победата ја посвети на земјата разурната од војна.
„Оваа победа не е за мене, не е за тимот, тоа беше за нашата земја. Ова е огромна победа за Украина, тимска игра и тимска победа. Момците направија се за луѓето за кои играат“, рече и продолжи:
„Тие играат за Украинците, за луѓето што гледаат дома, за припадниците на нашата војска во рововите и болниците. Тие ќе ни се заблагодарат, а ние ќе им возвратиме на благодарноста. Игравме за оние кои се борат во рововите, кои се борат до последната капка крв . Играме и за луѓето дома кои секојдневно страдаат“, емотивен беше Петраков.
Украинците не завршија, сакаат да го направат својот народ уште погорд со пласман на Мундијалот .
„Ова е само мал чекор кон нашата цел. Во Велс ќе направиме се што луѓето очекуваат од нас. Сакаме да ги направиме Украинците горди. Треба да имаме на ум што се случува – луѓе се убиваат, жени се силуваати. “, рече тој и се заблагодари на домаќинот на натпреварот:
“Сакаме да упатиме благодарност и до шкотскиот народ. На ова големо, гостопримливо место. Ви благодариме Шкотска, ова никогаш нема да го заборавиме”, заклучи селекторот.