Само два месеци по поразот во финалето на Копа Америка, Колумбијците и се одмаздија на Аргентина славејќи во Кали со 2-1. Хамес Родригез со гол и со асистенција беше творец на триумфот на Колумбија. Многу коментари и бура предизвика ВАР-одлуката за пеналот во 60.минута по која Хамес Родригез го постигна победничкиот гол.

Претходно, Москера обезбеди водство за Колумбија, а израмни Нико Гонзалес.

 

Репрезентацијата на Парагвај му го нанесе четвртиот пораз на Бразил во квалификациите за СП. Домашната селекција славеше со 1-0, со голот на Диего Гомез во 20.минута од дуелот.

Пред неколку дена Бразил го победи Еквадор и малку ги смири страстите во земјата, но ноќеска загуби на гостувањето кај Парагвај со 0-1 што е четврти пораз во последните пет квалификациски натпревари. Со тоа „кариоките“ паднаа на петтата позиција на табелата, но со само еден бод повеќе од осмопласираната Боливија која е на првото место кое не води директно или во баражот за Мундијалот. Гомез во 20. минута го постигна одлучувачкиот гол за Парагвај по што триото на Реал, Родриго-Ендрик-Винусиус не успеа да се избори барем за израмнување.

За светскиот и јужноамерикански шампион Аргентина , ова е само втор пораз во квалификациите и тој не се одрази на пласманот бидејќи Аргентина и натаму е на првото место на табелата.

Венецуела и Уругвај одиграа без голови, а Боливија славеше на гости со 1-2 против Чиле.

РЕЗУЛТАТИ
Парагвај – Бразил 1-0
Венецуела – Уругвај 0-0
Чиле – Боливија 2-1
Еквадор – Перу 1-0
Колумбија – Аргентина 2-1

ТАБЕЛА: Аргентина 18 бода, Колумбија 16, Уругвај 15, Еквадор 11, Бразил и Венецуела по 10, Парагвај и Боливија по 9, Чиле 5, Перу 3.