Голгетерот Карим Бензема го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот, објави „Футмеркато“.
Французинот Бензема за три години колку што ќе го носи дресот на саудискиот Ал-Итихад, ќе заработи неверојатни 600 милиони евра, односно 200 милиони евра по сезона. Според медиумите, Бензема сигурно ќе биде играч на Ал-Итихад до 2025 година, со опција истиот да се продолжи за уште една година.
Овој договор, е за 100 милиони евра потежок од тој на Кристијано Роналдо што го потпиша со Ал-Наср. Португалецот исто така заработува по 200 милиони евра по сезона, но потпиша на две и пол години.
Ал-Итихад ќе биде третиот клуб во кариерата на Бензема, тој сезоната ја започна во Олимпик Лион, а од 2009 година па до неделата, го носеше дресот на Реал Мадрид.