Напаѓачот на Барселона, бразилскиот репрезентативец Рафиња, може да замине во Баерн Минхен ова лето. Играта на 26-годишниот Бразилец му се допаѓала на тренерот на Баварците, Томас Тухел.
Рафиња дојде во Барселона минатото лето, одигра квалитетно, но на каталонскиот клуб му се потребни финансии за подмирување на финансискиот фер-плеј.
Тој оваа сезона забележа 50 настапи во сите натпреварувања, постигна десет голови и 12 асистенции.