Фудбалерите на Жирона се фудбалски хит оваа сезона во шпанската Ла Лига, бидејќи во моментов се наоѓаат на делба на првата позиција со Реал Мадрид, откако триумфираа со 5-2 против Алмерија.
Жирона имаше катастрофален почеток на натпреварот и им дозволи на гостите преку Лео Баптистао да поведат со 2-0, но потоа за само шест минути постигна три гола за целосен пресврт, и тоа преку Мартин и двапати преку Довбик.
Савио во 71. минута погоди за 4-2 и така обезбеди солидна предност против Алмерија, додека победата ја потврди Стуани во 85. минута од натпреварот.
Жирона има 25 бода, колку што има и Реал Мадрид, додека зад нив е Атлетико Мадрид со 22 бодови.