Екипата на Борусија Дортмунд со 5-1 го совлада Аугсбург, тоа беше прв натпревар за Марко Ројс откако кажа дека по крајот на сезоната заминува од клубот.

Големи беа емоциите за Ројс на овој дуел. Тој го почна своето испраќање со навивачите, денеска го одигра целиот натпревар и тоа на највисоко ниво.

Ројс имаше две асистенции и еден постигнат гол во убедливата победа на Борусија Дортмунд од 5-1.

Моукоко постигна два гола, по еднаш погодија Мален и Нмеша.

Штутгарт со 3-1 го победи Баерн Минхен во денешното дерби. Хари Кејн од пенал беше стрелец за Баварците.

Во другите мечеви Вердер и Менхенгладбах одиграа 2-2, Волфсбург со убедливи 3-0 го совлада Дармштад.