Официјално заврши второто коло од Лигата на нации, а неколку часа подоцна УЕФА направи избор за најубав гол во овој круг.
Се разбира, во конкуренција е и македонскиот репрезентативец Енис Барди кој постигна еврогол во дуелот со Ерменија, совладувајќи го Чанчаревиќ од слободен удар од преку 20 метри.
Противкандидати на Барди се Поулсен од Данска кој погоди со „ножички“ против Србија, Бенјамин Шешко од Словенија кој по „слалом“ ја затресе мрежата на Казахстан и бомбата на Ѓорги Кочорашвили од Грузија за победа против Албанија.