Фудбалерите на Летонија со 1-0 ги совладаа Фарски Острови во натпревар од нашата група во Лига на нации.

Фараните, по ремито со нашата најдобра селекција (1-1), немаа сили за ново изненадување во групата и септемвриските дуели ги завршија со само еден освоен бод. Натпреварот во Рига беше решен во вториот дел, а автор на големата победа на Летонија беше Варславанс, кој погоди во 64. минута. Фудбалерите на Фарски Острови бараа игра со рака во зачетокот на акцијата, но судиите го потврдија голот.

 Асистентот на голот Гутковскис играше со рака пред да ја додаде топката. Фараните негодуваа, но судиите ниту со ВАР не ја променија одлуката.

 

Голот може да го видите на овој ЛИНК.