Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз ја смени репрезентацијата и од неодамна ги брани боите на Мароко, а полека, но сигурно се претвора во вистинска ѕвезда на овој национален тим.
Играчот на Реал одлучи да не ја чека Шпанија и да настапува за земјата која е родна на неговиот татко, па како што се развива ситуацијата, мора да се каже дека за него тоа се покажа како полн погодок.
Мароко се мачеше на гостувањето кај Лесото во квалификациите за Африканскиот Куп на нации, но пред да биде означен крај на мечот, Дијаз режираше минијатура.
Ѕвездата на Реал направи клучна разлика во 93-та минута и постигна мајсторски гол за победа, потег со кој се повеќе ги освојува симпатиите меѓу „лавовивте“.
Видеото погледнете го ТУКА