Фудбалската репрезентација на Мексико триумфираше со 2-0 (0-0) во пријателски натпревар против Гана. Пресметката се одигра на „Банк оф Америка“ во Шарлот, се играше пред речиси 75.000 гледачи, а Мексиканците дојдоа до победата со два голови во второто полувреме.
Првиот дел од натпреварот помина мирољубиво, без вистински шанси и возбудувања. Во продолжениет на сцена стапи Ирвинг Лозано, кој во 57. минута постигна соло гол. Фудбалерот на ПСВ Ајндховен одлично продре по левата страна, влезе кон средината и со добар удар го матира голманот за 1-0. Петнаесет минути подоцна предноста ја удвои Уриел Антуња, поставувајќи го конечниот резултат.
Двете репрезентации ќе одиграат уште по еден тест. Мексиканците одат на мегдан со Германија, додека Гана ќе ги предизвика Соединетите Американски Држави.